Дома Фудбал Јуве му го раскинува договрот на Влаховиќ, Барса ја користи ситуацијата

Јуве му го раскинува договрот на Влаховиќ, Барса ја користи ситуацијата

Неодамна беше откриено дека Јувентус планира да го раскине договорот со Влаховиќ за да се ослободи од неговата висока плата, а тоа подготвена може да го дочека Барселона.

Влаховиќ е стара желба на Каталонците, која датира уште од времето кога играше за Фиорентина, а се обнови и неодамна, бидејќи Каталонците сакаат да формираат српско-полски тандем во нападот, каде Влаховиќ би настапувал заедно со Левандовски или би бил неговата алтернатива, за што наводно одобрение дал и искусниот полски напаѓач. Влаховиќ исто така се спомена како главна желба на тренерот Флик.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според “Тутомеркатовеб”, Влаховиќ и понатаму е приоритет за Барселона, иако за ова место конкурираат уште тројца напаѓачи од Серија А, меѓу кои се Рафаел Леао од Милано, Адемола Лукман од Аталанта, но и Влаховиќевиот соиграч од Јувентус, Кенан Јилдиз.

Наводно, Барселона веќе контактирала со Влаховиќ и му сугерирала да се обиде да ја разреши ситуацијата со Старата дама за да може непречено да му презентираат понуда. Сепак, ситуацијата ја следи и Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо постигна договор со Ливерпул, но еден потег на Арне Слот може да го сруши целиот план

Во моментов, Чаби Алонсо е едно од најбараните тренерски имиња во европскиот фудбал. Шпанс…