Дома Фудбал Јунајтед со нова официјална понуда за Мбемо

Јунајтед со нова официјална понуда за Мбемо

Од Манчестер Јунајтед испратија нова официјална понуда до колегите од Бренфорд за крилото Брајан Мбемо, информира ексклузивно Дејвид Орнстејн од „Атлетик“.

Новата понуда на „црвените ѓаволи“ е во вредност од 65 милиони фунти со сигурна сума и уште 5 милиони во форма на бонуси. Самиот фудбалер уште пред неколку недели го информираше раководството на „пчеличките“ дека сака да се пресели на „Олд Трафорд“, но од оваа недела започна подготовки со лондончани. Ова е уште една понуда на 20-кратните шампиони, откако до сега неколку понуди беа одбиени.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Двата клуба изгледаа многу блиску до договор пред неколку недели, но печатот тврди дека разговорите биле значително успорени поради промената на менаџерската позиција во Бренфорд и заминувањето на Томас Франк, кој застана на чело на Тотенхем.

Новиот тренер Кит Ендрус цврсто сакаше да ги задржи најдобрите фудбалери и се трудеше да ги одложи што е можно повеќе ваквите разговори. Надежите на шефовите на Манчестер Јунајтед се понудата да биде прифатена, а договорот да се заврши во следните денови, за Брајан Мбемо да биде дел од составот на „црвените ѓаволи“, кој ќе отпатува за летното турнеја во САД следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …