
Манчестер Јунајтед подготви огромна понуда за да го доведе Антоан Семењо и да го „украде“ од останатите заинтересирани клубови.
Антоан Семењо блеска во дресот на Борнмут и привлече интересирање од најголемите клубови во Премиер Лигата – кои го разгледуваат неговиот ангажман во текот на јануарскиот трансфер-период.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
За 25-годишниот играч веќе интерес пројавија тимови како Њукасл, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, но и Ливерпул.
Управата на Борнмут, меѓутоа, постави висока цена за репрезентативецот на Гана, проценувајќи го на 75 милиони фунти.
Според пишувањата на странските медиуми, Манчестер Јунајтед наводно значително напредува во преговорите. На состанок со агентот на африканскиот фудбалер, клубот изрази намера да ја активира откупната клаузула, нудејќи му петгодишен договор и дрес со неговиот омилен број 24.