
Еден од најдобрите кошаркари во светот, Никола Јокиќ, ги воодушеви Кинезите со неговото доаѓање во далечноисточната земја.
Србинот доживеа неверојатно добредојде во Кина, каде што моментално се наоѓа во рамките на промотивната турнеја за неговиот бренд патики.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Ѕвездата на Денвер Нагетс веднаш по доаѓањето предизвика вистинска еуфорија, а обожавателите го пречекаа со транспаренти, извици на воодушевување и необични подароци.
Најмногу внимание привлече оригиналниот подарок во вид на скулптура на коњска глава, изработена исклучиво од патиките што Јокиќ ги рекламира.
Со оглед на тоа што трикратниот МВП е познат по љубовта кон коњите и јавањето, овој дар особено го воодушеви.
Јокиќ не го скриваше изненадувањето и насмевката, а фотографиите од подарокот брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Ова е само еден во низата моменти што покажуваат колку голема глобална популарност ужива Сомборецот.
Фото: Grok AI