
Кошаркарите на Денвер Нагетс остварија триумф на домашен терен против Лос Анџелес Клиперс, а натпреварот беше обележан со враќањето на Никола Јокиќ на паркетот по еден месец пауза поради повреда на коленото.
Јокиќ, трикратниот МВП на НБА лигата, пропушти 16 натпревари откако се повреди на левото колено во првото полувреме од натпреварот на 29 декември кога Денвер беше поразен од Мајами.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во тој период, Нагетс имаа скор 10-6, вклучувајќи и подолг период без стартерите Кемерон Џонсон и Кристијан Браун.
Сепак, Јокиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој надмина 30 поени, 10 скокови и 5 асистенции во толку краток временски период.
Натпреварот го заврши со 31 поен, 12 скокови и 5 асистенции, а му помогнаа и Тим Хардауеј јуниор со 22, Џамал Мареј со 22 и Пејтон Ватсон со 21 поен.
На другата страна, Џејмс Харден постигна 25 поени и девет асистенции, додека Каваи Ленард придодаде 21 поен.
Лука Дончиќ го комплетираше трипл-даблот до полувремето, на крајот постигнувајќи 37 поени, 13 асистенции и 11 скокови во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Вашингтон Визардс со 142:111.
Во првите две четвртини, Дончиќ постигна 26 поени, имаше 11 асистенции и 10 скокови.
Деандре Ајтон постигна 28 поени и имаше 13 скокови, додека Леброн Џејмс оствари 20 поени за Лејкерс.
Малаки Бранам постигна 17 поени за Визардс, кои го прекинаа мини серијата од две последователни победи.