Дома Останати Кошарка Јокиќ промаши тројка и не го спаси Денвер од пораз: Жал ми е (Видео)

Јокиќ промаши тројка и не го спаси Денвер од пораз: Жал ми е (Видео)

Никола Јокиќ жали што не ја подаде топката на Џамал Мареј во последните секунди од мечот со Лос Анџелес Клиперс.

По кошот на Кавај Ленард за 105:102, Нагетс имаа 12,5 секунди за да постигнат тројка за продолжение.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Мареј ја пренесе топката на половината од противникот, играше со Кристијан Браун, кој се ослободи од чуварот, но лошо шутна промашувајќи го целиот обрач.

Меѓутоа, на пет секунди до крајот топката ја собра Јокиќ, кој имаше отворен Мареј, но се одлучи за тежок шут преку Ленард и – промаши.

„Мислам дека беше добро. Ако можеш да ја пренесеш топката, мислам дека тоа е добра одлука. Да повикавме тајм-аут, тие ќе имаа уште еден фаул на располагање. Кристијан Браун промаши, можеби требаше да ја подадам на Џамал, беше во добар налет, но тешко е да се размисли за тоа,” ги опиша одлуките во последниот напад Јокиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс е во проблем – еден од најважните кошаркари одби 90 милиони долари

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одби да го продолжи договорот со оваа франш…