Дома Останати Кошарка Joкиќ повторно блескаше: Беше речиси перфектен и ги уништи Кингс! (Видео)

Joкиќ повторно блескаше: Беше речиси перфектен и ги уништи Кингс! (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжува да ги фасцинира љубителите на кошарката во дресот на Денвер Нагетс, овојпат блескајќи во натпреварот против Сакраменто Кингс додека го ловеше својот четврти трофеј МВП.

Денвер го совлада Сакраменто со убедливи 136:101, а Јокиќ за време од 29 минути на теренот успеа да постигне 36 поени, да собере 12 скока и да сподели осум асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шутот на Јокиќ од игра беше спектакуларен, погодувајќи неверојатни 14 од 16 обиди, што претставува успешност од 87,5 проценти. За два поени имаше шут од 12/14, додека за три беше прецизен 2/2.

Малку послабо се покажа од линијата за слободни фрлања, каде што постигна 6 од 8 обиди.

Добрите игри на Јокиќ ги следеше и Пејтон Вотсон, плејмејкерот на Денвер, кој постигна 21 поен, додека кај Сакраменто се истакнуваат Малик Монк со 18 и Расел Вестбрук со 17 поени.

Се работи за 18-та победа во оваа сезона за Денвер, кој со учинок од 18-6 е втор на табелата на Западната конференција, додека Сакраменто е предпоследен, на 14-то место со скор од 6-19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дали ова е негова последна сезона? Погледнете како Леброн се расплака против Кливленд (Видео)

Во натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс, кој заврши со резултат 129:…