Дома Останати Кошарка Јокиќ ја откри тактиката за „мајсторката“ – вака ќе се обиде со Денвер да ја елиминира Оклахома

Јокиќ ја откри тактиката за „мајсторката“ – вака ќе се обиде со Денвер да ја елиминира Оклахома

Никола Јокиќ блескаше, Денвер ја победи Оклахома, и така ќе гледаме седми меч од една од најинтересните серии во плеј-офот на НБА лигата оваа сезона.

Денвер Нагетс се во моментов најуморниот тим во НБА лигата бидејќи ги чека 14-та средба во плеј-офот, но пред тоа, практично имаат два слободни дена. Таа вест го радува Никола Јокиќ.


Се надевам дека малку ќе се одмориме. Знаете, одигравме 13 тешки утакмици, на секој втор ден. Се надевам дека ќе го искористиме одморот и ќе бидеме подготвени за натпреварот”, истакна Јокиќ.

Веднаш беше прашан што би можело да ја одлучи седмата средба во серијата.

„Веројатно одбраната. Сметам дека деталите во одбраната, особено нашиот скок по начинот на кој тие напаѓаат, па нашите изгубени топки,… Зависно како ќе започне средбата. Ако ги забавиме, ако се раздвижат… Зависно. Тие сакаат да се игра на побрз ритам, да наоѓаат слободни шутеви. Ние сакаме побавна игра, да бараме поинакви позиции за шут. Сметам дека е интересно за гледање. Деталите ќе го одлучат победникот“, заклучи Јокиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Генијалноста на Јокиќ повторно на дело: Во пет секунди ги воодушеви Американците (Видео)

Кошаркарите на Денвер ја победија Оклахома со 119:107 и изедначија на 3-3 во серијата, а Н…