
Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар, токму онолку колку што беше доволно за победа на Денвер Нагетс против Орландо Медџик, со резултат 126:115.
Оваа вечер тоа беше доволно и за импресивен рекорд во НБА лигата, бидејќи Никола Јокиќ стана центар со најмногу асистенции во историјата на оваа лига.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Српскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 23 поени (10/17 од игра), 11 скокови и 13 асистенции за 35 минути на паркетот.
Со тие 13 успешни додадувања, Јокиќ го престигна Карим Абдул-Џабар на вечната листа на центри и сега е прв по тој параметар во историјата на лигата.