Дома Останати Кошарка Јокиќ доби ужасни вести – тоа е навистина голем удар за Денвер

Јокиќ доби ужасни вести – тоа е навистина голем удар за Денвер

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Кристијан Браун ќе отсуствува од терените најмалку еден и пол месец поради повреда на зглобот, известува инсајдерот на „ЕСПН“, Шемс Чаранија.

Браун се повреди за време на натпреварот помеѓу Денвер и Лос Анџелес Клиперс. Џејмс Харден случајно стапна на неговата нога, по што Браун едвај го напушти теренот, држејќи се за левата потколеница.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Браун ќе биде повторно прегледан по шест недели, а првичната дијагноза е истегнување на зглобот.

Денвер има резултат од девет победи и два порази, а за тоа најмногу е заслужен Никола Јокиќ кој игра феноменално од почетокот на сезоната. Следниот натпревар го играат во ноќта помеѓу сабота и недела во 2 часот – против Тимбервулфс во Минесота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Богдановиќ ја одигра најдобрата сезона: Клиперси го совладаa Далас во продолженија (Видео)

Богдан Богдановиќ одигра најдобра утакмица на сезоната, откако во победата на Лос Анџелес …