Дома Македонски спорт Мак ракомет Joтиќ: Со Сегед заслуживме барем бод, Елверум мораме да го победиме!

Joтиќ: Со Сегед заслуживме барем бод, Елверум мораме да го победиме!

Вардар утре го игра натпреварот со Елверум во рамките од Лигата на шампионите и после серијата порази во ова натпреварување црвено-црните се надеваат на позитивен резултат.

Дуелот се игра со почеток од 16:00 часот, а Ловро Јотиќ порачува дека ова е натпревар кој Вардар мора да го добие.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не чека натпреварот со Елверум. Ова е натпревар кој мораме да го победиме по секоја цена. Со Сегед заслуживме барем бод, но се случуваше нешто во последните десетина минути од кое не можевме да се вратиме. Како и да е мислам дека растеме и играме подобро отколку од пред две месеци. Со оглед на тоа дека Сегед беше фаворит мислам дека добро ги намачивме. Норвежаните навистина многу трчаат, но со нашата добра одбрана не би требало да ни прават толку проблеми како Сегед кој има многу поголемо искуство“, изјави Јотиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…