Далас Маверикс гостуваа кај Портланд и го победија Портланд со дури 40 поени разлика, 92:132.
Клучна за победата беа втората и третата четвртина кои гостите ги добија со по 14, односно 23 поени разлика.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Дончиќ повторно блескаше. Словенецот постигна 37 поени, оствари седум скокови и четири асистенции. Кај поразените најефикасен беше Лилард со 19 поени.
Своја вечер имаше и Никола Јокиќ иако неговиот Денвер беше поразен од Њу Орлеанс Пеликанс со 113:108. Јокиќ мечот го заврши со трипл-дабл учинок од 29 поени, 10 скокови и 11 скокови).
Актуелните шампиони ЛА Лејкерси гостуваа кај Феникс, а без Леброн беа поразени со 94. Домаќините ги предводоа Ајдон и Букер со по 26 поени.
Вестбрук стигна до трипл-дабл од 29 поени, 13 асистенции и 13 скокови против Бруклин, но Вашинфтон изгубија со 113:103. Ирвинг (28 поени) и Харден (26 поени) ги предводеа домаќините.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Мајами – Индијана 106:109
Хјустон – Оклахома 112:114
Бостон – Орландо 112:96
Бруклин – Вашингтон 113:106
Кливленд – Торонто 116:105
Детроиот – Чикаго 86:100
Њујорк – Филаделфија 100:101
Феникс – ЛА Лејкерси 111:94