Дома Фудбал Јирген Клоп повторно во германскиот фудбал: Легендата има нова работа!

Јирген Клоп повторно во германскиот фудбал: Легендата има нова работа!

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, прифати нова функција во својот роден фудбалски круг – стана дел од експертската група на Германската фудбалска лига (DFL), која има задача да го зајакне и унапреди германскиот фудбал.

Клоп (58) ќе работи рамо до рамо со светскиот шампион од 2014 година Сами Кедира, Јошен Зауер од Баерн, Маркус Кроше од Ајнтрахт и други важни фигури од клубовите во Бундеслигата, пишува „Talk Sport“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Главната цел на оваа група е да ја зачува конкурентноста на Бундеслигата и истовремено да продолжи со развојот на младите таленти.

„Убедени сме дека финансиските, правните и спортските рамки треба да бидат поставени за да останат Бундеслигата и германскиот фудбал конкурентни,“ изјави генералниот директор на DFL Марк Ленц.

„Експертската група ќе ни помогне да донесеме исправни заклучоци и да предложи конкретни чекори за унапредување.“

Враќање на клупата? Клоп е отворен, но задоволен од паузата


Иако често се шпекулира за неговото враќање во тренерските води, Клоп не покажува желба да се врати на клупата – барем за сега.

„Бев пресреќен за начинот на кој играше Ливерпул. Гледав некој натпревар, но не го имав оној филм ‘сабота е, време е за натпревар’,“ изјави за The Athletic.

„Се занимавам со спорт, уживаме во животот, поминуваме време со внуците… Знам дека повторно ќе работам, но не како тренер. Барем за сега.“

„Но никогаш не знаеш – сега имам 58. Ако се предомислам на 65, сите ќе речат: ‘Рече дека нема повеќе да тренираш!’ Па, тогаш тоа навистина го мислев.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни му порача на Рашфорд: Не е до околината, туку до тебе

Зборовите на еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед на сите времиња, Вејн Руни…