
Реал Мадрид ќе го претстави официјално новиот тренер Чаби Алонсо во понеделник (26 мај), соопштува “Марка”. 48 часа порано, во сабота, завршува една епоха во клубот со последниот натпревар на “Бернабеу” на Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукас Васкес против Реал Сосиедад, по што во Кралскиот клуб ќе започне нова ера.
Се очекува револуција во составот, почнувајќи со промената на капитенот, при што лентата ќе премине во рацете на Дани Карвахал.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби, ќе биде официјално претставен во понеделник наутро во спортскиот комплекс „Валдебебас“, објаснува уште “Марка”. Тој ќе потпише тригодишен договор. Иако веќе работи неколку недели на изградбата на својот тим, поранешниот тренер на Бајер (Леверкузен) е свесен за тешката прва задача која го очекува – добро претставување на Светското клубно првенство кое ќе се одржи во САД од 14 јуни.
Флорентино Перес ќе биде покрај новиот тренер и ќе го означи враќањето на поранешниот играч на првиот тим и тренер на младинските формации на Реал Мадрид, пред да го преземе вториот тим на Реал Сосиедад. Алонсо го познава клубот одлично и ќе се сретне со поранешните соиграчи како Карвахал и Модриќ, при што Хрватот, кој денес го најави своето заминување, ќе остане само за турнирот во САД.