Дома Фудбал Јамал убедливо највредниот фудбалер на сите времиња! Погледнете ја Топ 10

Јамал убедливо највредниот фудбалер на сите времиња! Погледнете ја Топ 10

Рекордна процена – младиот ас на Барселона, Ламин Јамал вреди дури 279,7 милиони евра.

Од кога компанијата „Football Benchmark“ почна да собира податоци во септември 2018 година, ниту еден фудбалер немал поголема пазарна вредност од Ламин Џамал.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Оваа компанија редовно објавува анализи на пазарната вредност на играчи од водечките европски лиги. Досега само четворица фудбалери достигнале бројка над 200 милиони евра. На првата листа од септември 2018 година, напредуваа Нејмар (233,55 милиони) и Лионел Меси (209,96 милиони).

Килијан Мбапе им се придружи во јануари 2019 година со вредност од 215 милиони евра.

По последното продолжување на договорот со Барселона, пазарната вредност на 18-годишниот напаѓач на Барселона скокна за дури 121,75 милиони евра – од 157,95 на рекордни 279,70 милиони евра.

Во периодот од 2018 до денес, ниту еден играч не бил ни блиску до оваа бројка.

Ламин Јамал (Барселона) – 279,70 милиони евра (+121,75)

Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 236,90 милиони евра (+7,62)
Ерлинг Холанд (Манчестер Сити) – 182,60 милиони евра (−5,72)
Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 179,70 милиони евра (−4,23)
Винисиус (Реал Мадрид) – 171,50 милиони евра (−14,69)

Букајо Сака (Арсенал) – 155,70 милиони евра (−5,72)
Џамал Мусијала (Баерн) – 154,10 милиони евра (+7,36)
Флоријан Вирц (Ливерпул) – 144,10 милиони евра (−4,16)
Педри (Барселона) – 131,80 милиони евра (+14,14)

Федерико Валверде (Реал Мадрид) – 127,00 милиони евра (+3,20)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хави Симонс „одлучи“ – Ништо од Арсенал, се договори со друг англиски гигант

Хави Симонс е еден од најталентираните фудбалери во моментов и ова лето е желба на многу е…