Дома Фудбал Jaмал го споредуваат со Меси, тинејџерот откри дека имал разговор со Аргентинецот

Jaмал го споредуваат со Меси, тинејџерот откри дека имал разговор со Аргентинецот

Првата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, изјави дека нема желба да биде следниот Лионел Меси, и исто така додаде дека е малку уморен од постојаните споредби со легендарниот фудбалер.

Да потсетиме, ваквите споредби се во извесна мера неизбежни, бидејќи и двајцата доаѓаат од познатата Ла Масија и играат на истата позиција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Јамал истакна дека е решителен да го следи својот правец и да создаде сопствено наследство.

“Сметам дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата, но исто така тој знае дека и јас сум добар играч. Ќе постои меѓусебна почит доколку некогаш се сретнеме на теренот. Тој знае дека не се обидувам да бидам истиот како него, да играм како него или да го носам дресот со број 10 како него. Сакам да го трасирам сопствениот пат. Разговаравме и му кажав која е мојата цел.”, изјави за CBS.

Вреди да се спомене дека Јамал неодамна заврши како втор во изборот за Златната топка, зад Усман Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…