Дома Фудбал Јамал го откри своето вистинско лице и разочара, па Роналдо му одржа лекција

Јамал го откри своето вистинско лице и разочара, па Роналдо му одржа лекција

Португалија ја освои Лигата на нации откако синоќа во Минхен ја победи Шпанија на пенали.

Во 90 минути резултатот беше 2:2, по продолженијата истиот не се промени, па се пристапи кон пенали. Алваро Мората не го искористи пеналот, а тоа беше доволно за Португалците да го прослават новиот трофеј.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Искусниот напаѓач по исфрлениот пенал го донесе во прашање продолжувањето на неговата репрезентативна кариера. Мората отворено говореше за тоа што би можело да се случи следно во неговата меѓународна кариера пред две квалификациски натпревари за Светско првенство 2026 година, кои се играат во септември.

„Жал ми е за соиграчите, но тоа е дел од животот. Му благодарам на тренерот за зборовите. Пенал? Не ја погодив добро, можев подобро, но сега не можам ништо да направам“, рече Мората, кого селекторот Де Ла Фуенте веднаш го назначи за капитен по назначувањето и повторно покажа колку му верува велејќи дека е важен фактор за репрезентацијата и поради работите што ги прави надвор од теренот.

Непопуларен по финалето беше потегот на помладиот соиграч на Мората, Ламине Јамал. Имено, младата ѕвезда на Барселона одби, за разлика од другите шпански репрезентативци, да им плеска на Португалците и да им честита на трофејот, што можете да го видите на снимката подолу.

Кристијано Роналдо му одржа „ллекција”, па покажа како се однесува вистински спортист. Еден од најдобрите на сите времиња го утеши Јамал и пред камерите порача: „Тој ќе освои многу титули. Тој е феномен. Ќе има исклучително долга кариера и сигурно ќе ја освои Лигата на нации многу пати“.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…