Дома Фудбал Јамал го надмина Мбапе и Гризман за месечната награда во Ла Лига

Јамал го надмина Мбапе и Гризман за месечната награда во Ла Лига

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, ја освои наградата за Играч на месецот во Ла Лига за ноември.

Крилото на Каталонците собра најмногу гласови од фановите и така се избори за признанието во конкуренција со Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Микел Ојарсабал (Реал Сосиедад) и Жерард Морено (Виљареал).

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Минатиот месец Јамал постигна гол при победите над Елче со 3:1 и над Селта со 4:2, при триумфот со 4:0 над Атлетик Билбао запиша две асистенции, а кога Барселона победи со 3:1 над Алавес, шпанскиот репрезентативец придонесе со едно постигнување и една голова асистенција. Така, со своите три голови и три асистенции во четири натпревари во ноември, 18-годишниот талент ја заслужи месечната награда во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првото засилување на Милан е обезбедено, официјална промоција на 1 јануари!

Директорот на Милан, Игли Таре, го донесе првото засилување на Сан Сиро. Од 1 јануари 2026…