Дома Фудбал Јамал го избра најдобриот тим на Барселона во историјата (Фото)

Јамал го избра најдобриот тим на Барселона во историјата (Фото)

Талентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, го избра најдобриот состав на Барселона на сите времиња според неговото мислење, а овој тим изгледа навистина неверојатно.

Одбирајќи го најдобриот тим на сите времиња на Барселона, Јамал го избра Виктор Валдес како очекуван избор за голман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„На голот Виктор Валдес, затоа што во мојата глава тој е најдобриот што сме го имале и кого сум имал можност да го гледам.“

Во одбраната со тројца играчи ги избра Жерард Пике, Пујол и Маскерано, а, секако, најголемиот предизвик беше да се состави средниот ред.

„Во средината на теренот, Чави, Иниеста и Бускетс“, започна тој, па на средниот ред го додаде и Бразилецот. „Ќе го ставам Роналдињо, бидејќи во напад веќе знам кого ќе ставам.“

А во нападот ги постави прочуените МСН – Меси, Суарез и Нејмар. „Акцентот е на Меси, се разбира, а сакав да го ставам Нејмар затоа што ми е омилен играч, а како напаѓач, Луис Суарез за мене е најдобриот“, заклучи одличниот Шпанец.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус им се потсмеваше на навивачите на Сити: Изразот на лицето на една навивачка стана вирален (Видео)

Ѕвездата на Реал Мадрид Винисиус Жуниор беше во центарот на вниманието за време на натпрев…