Дома Фудбал Јамал доби совет злато вреден, може многу да му значи во кариерата!

Јамал доби совет злато вреден, може многу да му значи во кариерата!

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал веќе е сметан за еден од најдобрите фудбалери на светот, иако има само 18 години (роден е 2007 година).

Квалитетот на Јамал беше особенo видлив за време на минатогодишниот Европски шампионат, кога со 17 години ја водеше Шпанија до титулата првак на Европа.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Јамал беше и во конкуренција за Златната топка, а веќе многумина го споредуваат со Лионел Меси.

И покрај тоа што е рано за вакви споредби, Јамал понекогаш потсетува на славниот Аргентинец.

Сепак, неговата младост може да биде меч со две острици.

Славата е исклучително опасна и може брзо да го понесе младиот и талентиран спортист.

Јамал веќе е познат, а во некои моменти покажа дека не секогаш знае како да се носи со славата.

Како е да се пробиеш во врвот на светскиот спорт, најдобро знае еден од најголемите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал.

Надал неодамна во интервју за шпански медиуми зборуваше за кариерата на Јамал и колку е важно да биде внимателен.

“Јамал е одличен фудбалер и без сомнение има врвен талент”, рече Надал и додаде:

“Но, мора да се опркружи со луѓе, кои ќе му носат корист, било да се тоа семејството или тимот. Тоа е од суштинска важност за неговата кариера.”

Надал продолжи и на темата како да се достигне врвот.

“Начинот на кој се справувате со успесите низ годините може да ве направи урамнотежена и среќна личност, или обратно, успехот може да ви донесе несреќа. Затоа, следните неколку години се многу важни за Јамал.”

На крајот, познатиот тенисер додава дека Јамал се наоѓа во многу кревка фаза од својата кариера.

“Важноста на неговото однесување во оваа приказна е огромна. Дури и најмалиот коментар може да има големо влијание, затоа е психата клучна.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА покажа милосрдие кон Кристијано Роналдо по неговиот црвен картон

Кристијано Роналдо ќе може да учествува веќе во првиот натпревар на Португалија на Светско…