Дома Фудбал Јамал денеска полни 18 години, а сега e објаснето зошто мораше да го прослави роденденот еден ден порано

Јамал денеска полни 18 години, а сега e објаснето зошто мораше да го прослави роденденот еден ден порано

Ламин Јамал синоќа приреди спектакуларна прослава на 18-тиот роденден на која присуствуваа голем број познати личности од сите области. Младиот ас на Барселона од денеска официјално е полнолетен, но е познато зошто забавата мораше да ја организира ден порано.

Еден од најдобрите играчи во светот денеска наполни 18 години иако веќе две години се наоѓа на големата сцена и игра во неверојатна форма.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Јамал вчера беше во центарот на вниманието бидејќи во Барселона организира спектакуларна прослава на полнолетството на која присуствуваа голем број познати личности од сите области.

Сепак, на социјалните мрежи нема многу фотографии и снимки од забавата, бидејќи Јамал строго им забрани на гостите да користат мобилни телефони и камери, па на влезот мораа да ги остават телефоните.

Секоја фотографија која беше објавена, прво мораше да добие одобрение од Јамал, а засега се достапни само фотографиите кои ги направи со семејството.

Се наведува дека Јамал првично планираше да ја организира забавата денеска на Ибица, но во последен момент мораше тоа да го промени.

Јамaл му дадоа до знаење дека не е можно да направи забава на денот на роденденот и дека тоа ќе мора да го направи малку порано.

На крајот, одлучи прославата да биде ден пред роденденот, а шпанските медиуми објаснија и зошто дојде до промена во распоредот.

Имено, играчите на Барселона започнуваат подготовки за новата сезона и денеска се должни да се појават во тренинг центарот за да се подложат на лекарски прегледи и потоа да имаат разговор со Ханси Флик.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино: Светското клупско првенство е успешно, имаме 2 милијарди долари профит

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино истакна дека Све…