
Кошаркарите на Милвоки запишаа нов триумф во НБА лигата откако вчера на домашен терен го победија Чикаго Булс со 118:109.
Најдобар на теренот повторно беше Јанис Адетокумбо кој натпреварот го заврши со 35 поени, 11 скока и две асистенции. На спротивната страна Никола Вучевиќ беше најефикасниот со 26 поени.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Торонто успеа да се врати од негатива од 23 поени и така со пресврт славеше против Вашинтон Визардс со 111:107. Најдобар на мечот беше Паскал Сиакам кој уфрли 39 поени, во редовите на поразените Кајл Кузма уфрли 34 поени.
Во преостанатите натпревари кои се играа вчера Бостон го доби Њујорк со 114:98, а Сакраменто го совлада Кливленд со 132:120.