Кон крајот на оваа недела раководството на Манчестер Јунајтед ќе донесе одлука за иднината на холандскиот стратег, Ерик Тен Хаг.
Во овој момент не е јасно дали Холанѓанецот ќе ја добие поддршката од раководството. Во изминатата сезона Тен Хаг стигна до трофејот во ФА Купот и така до некаде ја спаси сезоната по разочарувачкиот пласман на табелата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Дејли Мејл“ пренесува дека откако Тухел го одбил раководството фаворитите за наследник на Тен Хаг се: Покетино, Томас Франк и Де Зерби. Посебно се истакнува италијанскиот стратег.
Со клупата на Манчестер Јунајтед исто така се поврзуваат Саутгејт и Потер, меѓутоа нивните имиња брзо отпаднаа од конкуренција.