Aко им веруваме на медиумите во Италија Јувентус ќе направи сериозен напад за ангажман на Николо Заниоло од Рома.
„Стампа“ тврди дека функционери на Јувентус одржале состанок со застапниците на Заниоло каде што им потврдиле дека „старата дама“ е сериозна во намерата да го откупи неговиот договор. Според информациите од „Чизмата“ Јувентус на Рома за Заниоло е спремен да и понуди 40 милиони евра во кеш и еден од голманот Матија Перин и крилото Хуан Квардадо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таков епилог наводно најавил спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи во разговор со менаџерот Клаудио Вигорели.
Меѓутоа одговорот Јувентус веројатно нема да го добие брзо. Рома прво треба да го почека мислењето на Фонсека кој следната недела се очекува да допатува од Доњеск и да го превземе кормилото на клубот од Рим.
Прашање и понатаму е каков ќе биде одговорот на клубот на понудените финансиски услови, бидејќи целата сума за оштетата на Заниоло нема да заврши во Рим. Кога
Рома минатото лето го откупи Заниоло од Интер за 4.5 милиони евра се обврза да им исплати на „нероаѕурите“ 15% од наредниот трансфер на овој фудбалер. Ако оштетата би била 40 милиони евра Интер би добил околу шест милиони.
Претходно се пишуваше дека за Заниоло интерес покажале Тотенхем и Арсенал.