Приказната која беше откриена во Италија изгледа навистина интересно, екипата на Милан имала навистина голем проблем…
Познато е дека Милан сеуште не ги регистрирал Биља и Бонучи поради недостигот од банкарска гаранција. Оваа година во Милан беа вложени огромни пари кои беа позајмени од „Фондот Елиот“, за што кинеските сопственици мораа да дадат и банкарска гаранција.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Истото мора да се направи и кога се испраќа договорот на фудбалерот до институциите кои ја водат Серија А.
Бидејќи Милан повеќе немаше што да вложи, настана проблем, па Бонучи и Биља не беа во конкуренција за двата натпревари против Крајова.
Последниот е 11 август, но Милан успеа да пронајде гаранција која ќе биде доволна италијанската лига ги регистрира трансферите на двата фудбалери. И тоа не било која банка туку „банката на Јувентус“, како што ја нарекуваат италијанските медиуми.
Секако, тоа не е официјално банка на италијанскиот шампион, но е во сопственост на царството Ањели.
Сопственик на ИФИС банката е близок роднина на Андре Ањели претседателот на Јувентус. Тој е син на Клара Ањели која е сестра на Умберто и Џани, луѓето кои практично ја создадоа империјата каква што денес ја познаваме.
Споменатиот роднина Себастијан Егон Фистенберг е наследник на машката лоза германски аристократи и неговиот татко се ожени со госпоѓицата Ањели.
Бизнисменот даде зелено светло и гаранција за Бонучи, иако како и сите членови на Ањели тој е голем навивач на Јувентус. Едноставно, на Јувентус не му оди во прилог трансферот да пропадне, тие сакаа Бонучи да замине сумата од 40 милиони евра веќе е пресметана во буџетот на клубот, па затоа клубот на ваков начин му помогна на Милан.