Дома Фудбал Италија Jувентус ги „краде“ творците на шампионскиот тим на Наполи?

Jувентус ги „краде“ творците на шампионскиот тим на Наполи?

Наполи по 33 години сезонава го освои Скуетото во Италија, а сега Јувентус ќе се обиде да ги доведе творците на тимот од Неапол.

Според информациите од Италија, Јувентус ќе се обиде да го доведе спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли и шефот на скаут службата Маурицио Микели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со ова „старата дама“ би успеала да ги доведе клучните луѓе од еден од најголемите ривали надевајќи се дека со одличната работа ќе продолжат и во Торино.

Наполи изгуби неколку клучни фудбалери како Инсиње и Кулибали, меѓутоа тимот успеа да најде адекватни замени кои брзо се вклопија. Доведени беа Кварцхелија и Ким Мин-Јае, од претходно тука беа Осимен и Ангиса.

Италијанците шпекулираат и дека евентуално доаѓање на Џунтоли во Јувентус ќе значи и отказ за Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голман застрелан во улична пресметка: Семејството на младиот спортист во очај (Фото)

Голманот на клубот Форвард сонуваше за професионална кариера, но беше брутално убиен во са…