Дома Фудбал Изненадувањето на Симеоне во нападот е – Италијанец?!

Изненадувањето на Симеоне во нападот е – Италијанец?!

Атлетико Мадрид остана без посакуваното засилување, бидејќи Енцо Мило го избра Ал Ахли, но затоа може да пристигне – Џакомо Распадори!

Италијанецот е достапен на пазарот, Наполи сака да го продаде, а наводно Атлетико може да го добие за сума до 25.000.000 евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Распадори има 25 години, Наполи го донесе од Сасуоло летото 2022 година најпрво на позајмица, а потоа го откупи летото 2023 за 28.000.000 евра.

Тој се утврди и во репрезентацијата на Италија, за која има собрано 40 настапи, постигнал девет голови, додека неговиот учинок во Неапол и не е на завиден ниво. На 109 натпревари постигнал 18 голови и забележал 10 асистенции, но за Симеоне е од голема важност што може да покрие повеќе позиции во нападот. 

Дијего Симеоне има Хулијан Алварез, Антоан Гризман, Александар Сорлот, а иако ова лето пристигнаа и офанзивци како Алекс Баена и Тијаго Алмада, Аргентинецот сака уште еден напаѓач. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волфсбург испаѓа од Бундеслигата поради вештачка интелигенција!

Последен пат кога Волфсбург испадна од Бундеслигата беше во сезоната 1996/1997. Волфсбург …