ФК Црвена звезда изненадувачки најверојатно ќе остане без одбранбениот Стефан Лековиќ. 20-годишниот стопер кој како што стојат работите ја продолжува кариерата во италијанската Монца.
Српскиот шампион Црвена звезда во последно време најавуваше одредени промени во тимот, но заминувањето на Стефан Лековиќ не беше на прво место.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
20-годишниот стопер имаше понуди од Шпанија. Тие беа одбиени бидејќи Владан Милојевиќ планираше овој фудбалер во вториот дел од сезоната да го заземе местото во централна одбрана од Насер Џига кого го бараат тимови од Англија.
Сепак, Лековиќ во вториот дел од сезоната нема да го носи црвено-белиот дрес. Талентираниот стопер наскоро треба да го комплетира трансферот во Италија.
Според информациите од Србија, Лековиќ договорил соработка со Монца, а Звезда одлучи да го пушти на позајмица до крајот на сезоната.
Италијанскиот клуб ќе има можност за откуп на договорот за два и пол милиони евра.