Дома Фудбал Изненадувачки потег на Јувентус: Тргнува по фудбалерот кој Челси веќе го заборави

Изненадувачки потег на Јувентус: Тргнува по фудбалерот кој Челси веќе го заборави

Летниот трансфер пазар полека се приближува кон својата завршница, а се очекуваат уште неколку интересни трансакции во Европа пред неговото затворање.

Челзи ја започна годинешната сезона во англиската Премиер лига со реми против Кристал Палас (0:0).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шефот на тренерскиот тим на лондонските Сини, Енцо Мареска, веќе го утврди составот на кој ќе се потпре, дефинирајќи кои играчи ќе бидат дел од тимот, а кои не.

Еден од играчите кој е ставен во втор план од италијанскиот стратег несомнено е Карни Чуквуемека.

Чуквуемека ја помина минатата полусезон како позајмен во Борусија Дортмунд, а по враќањето на Стамфорд Бриџ му беше кажано дека нема да се смета сериозно на него.

Сосема е извесно дека ова лето младиот играч од средината ќе го напушти Челзи и ќе премине во друг клуб, а на адреса на Сините пристигна понуда од Јувентус.

Ова го објавија англиските медиуми, кои исто така додадоа дека неколку понуди од Борусија Дортмунд за 21-годишникот веќе биле одбиени.

Германскиот клуб испраќал понуди за позајмица, но на Стамфорд Бриџ се одлучни – само траен трансфер е опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо откри дали би се вратил во Реал Мадрид

Жозе Мурињо категорично ги отфрли шпекулациите за евентуално враќање на клупата на Реал Ма…