Дома Останати Тенис Избега зад судијката, па почна да плаче: Радукану го виде човекот кој ја прогонува (Видео)

Избега зад судијката, па почна да плаче: Радукану го виде човекот кој ја прогонува (Видео)

Ема Радукану беше елиминирана од турнирот во Дубаи (Обединети Арапски Емирати) веќе во второто коло. Загуби од Каролина Мухова со 7:6 (8:6), 6:4, но тоа не беше главната тема на мечот. Во еден момент, Британката почна да плаче, побара помош од судијата, се сокри зад судиската столица, па дури и противничката ја тешеше.

Мечот веднаш беше прекинат, се вмеша и полицијата и го уапсија еден човек кој беше на трибините. Сè уште не е официјално потврдено дека станува збор за таа личност, но се шпекулира дека тоа е човекот кој ја прогонува веќе подолго време. Извадила забрана за пристап против него и наводно токму него го видела на тој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Урнебесна сцена на Вимблдон: Руската тенисерка не знаеше дека победи! (Видео)

Мира Андреева славеше победа на Вимблдон но, Русинката беше последна која го сфати тоа на …