Дома Останати Тенис Ивановски ќе игра полуфинале во Опатија!

Ивановски ќе игра полуфинале во Опатија!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи (вкупно шест со квалификациите) и се избори за полуфинале на ИТФ фјучрсот во Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој денеска во четвртфиналето (по вчерашниот исцрпувачки меч во три часа) го совлада вториот носител Зденек Колар од Чешка со 2-0 во сетови (63 76(4)) за два часа и четири минути игра. Утре во полуфиалето ќе игра против уште еден тенисер од Чешка третиот носител Михаел Врбенски (25 години, 406 место АТП листа).

Во четвртфиналето Ивановски почна со брејк и водство, но противникот во шестиот гем направи брејк и изедначи на 3:3 во гемови. Но, следните три гема ги доби Калин (со два брејка) и сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет на стартот имаше три брејка (два за Колар и еден за Ивановски), а мечот беше и прекинат околу 1,5 час поради дожд. Предноста на ривалот Ивановски ја анулираше во осмиот гем кога ја искористи четвртата брејк топка и изедначи на 4:4 во гемови. Во продолжение немаше брејкови и сетот беше решен во тај-брејкот. По водството на Колар од 4-2 на поени, македонскиот тенисер направи серија од пет поени и го доби тај-брејкот со 7-4, со тоа и сетот со 7:6 во гемови, а мечот со 2:0 во сетови.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ивановски искористи 5 од 8-те брејк шанси, додека Колар имаше 3 од 6. Во вкупниот број поени скорот беше 80:67 за Ивановски.

Утрешниот ривал Врбенски во четвртфиналето го совлада јуниорот Огљен Милиќ од Србија со 2-0 во сетови (63 61).

Почетокот на полуфиналето е закажано за утре (сабота) во 10 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Навивачите не можат да си поверуваат: На Ѓоковиќ ова не му се случило 19 години

Јакуб Меншик успеа по драма од два тајбрејка да го совлада Новак Ѓоковиќ со 7:6(4), 7:6(4)…