Дома Фудбал Иван Перишиќ може да направи шокантен трансфер каков што никој не очекува!

Иван Перишиќ може да направи шокантен трансфер каков што никој не очекува!

Еден од најчитаните српски медиуми, Телеграф, околу полноќ објави дека Иван Перишиќ преговара со Нови Пазар! Се готви сензација на векот во српскиот фудбал!”, во кој пишува: “Откако се прошири веста дека Адем Љајиќ ја заврши својата епизода во Нови Пазар и кариерата ќе ја продолжи во Сараево, сега сè укажува на вистинска сензација, и не само во Пазар.

Според информациите, преговорите се во напредна фаза, што го потврдува и информацијата дека Перишиќ наводно веќе бил во Србија. Иако деталите за потенцијалниот трансфер засега не се познати, може да се слушне дека се работи за повеќемилионски износ, а ако двете страни успешно се договорат, трансферот може да се финализира во текот на наредните денови.”

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српските медиуми понатаму пишуваат: “Ова би била вистинска сензација на векот, како што станува збор за играч од светско ниво, кој зад себе има настапи во најсилните светски лиги, Лигата на шампионите, како и на репрезентативни натпреварувања како што се Европското и Светското првенство. Своето искуство би го донел за остварување на повисоки цели во Нови Пазар.”

Нереално звучи дека Перишиќ (36), кој минатата сезона со ПСВ го освои холандското првенство, по што пред месец и половина го продолжи договорот до летото 2027, би го заменил тоа за клуб кој минатата сезона го постигна најголемиот успех со третото место во српската лига. На Перишиќ во ПСВ му е обезбедена Лигата на шампионите, а клубот со кој Телеграф го поврзува, пред недела дена го напушти второто претколо на Конференциската лига од полската Јагиелонија со вкупно 2:5.

Перишиќ пред година дена пристгна во ПСВ откако го раскина договорот со Хајдук. Иако има 36 години и зад него е сериозна повреда на коленото, тој се врати одлично со постигнати 16 гола и 12 асистенции во 36 настапи за холандскиот великан. Откако минатата сезона беше меѓу најзаслужните за освојувањето на титулата, оваа сезона ја отвори со асистенција во првиот натпревар, при освојувањето на Суперкупот против Го Ахед Иглс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Душан Тадиќ го избра новиот клуб и ги разочара Србите!

Душан Тадиќ на крајот се одлучи за Обединетите Арапски Емирати! Како што пренесоа бројни и…