Дома Фудбал Иван Јуриќ е новиот тренер на Аталанта

Иван Јуриќ е новиот тренер на Аталанта

Аталанта официјално го назначи Иван Јуриќ за главен тренер со договор до јуни 2027 година. Хрватот го презема кормилото од Џан Пјеро Гасперини, кој порано денес беше објавено дека официјално ќе го води Рома.

Одлуката за Јуриќ дојде по преговори со неколку други стручњаци, меѓу кои беа Стефано Пиоли, Тијаго Мота и Рафаеле Паладино.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


„Богинката“ работеше со Гасперини во последните девет сезони, поради што Бергамашите се насочија кон човек што е близок до визиите на досегашниот нивен тренер. Може да се каже дека Јуриќ е негов ученик, бидејќи беше негов асистент во Интер и Палермо, а како играч играше под негово раководство во Кротоне и Џенова.

Хрватот, кој ќе наполни 50 години во август, започна самостојна тренерска кариера во 2014 година и до овој момент во Италија ги водеше екипите на Мантова, Кротоне, Џенова, Верона и Торино.

Неговата последна авантура беше во Рома, каде што остана само 12 натпревари, а потоа го предводеше Саутхемптон, кој успеа да го спаси од испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред натпреварот се фалеше, а еве што сега зборува газдата на Стеауа!

Екипата на Шкендија направи голем успех и вечерва со уште еден триумф во Букурешт си обезб…