
По избувливата реакција кон својот играч Блејкни кога Хапоел од Тел Авив беше поразен од Жалгирис дома, Димитрис Итудис имаше уште една, овој пат кон судиите во натпреварот што неговиот тим го загуби од Хапоел од Ерусалим.
Во саботата Хапоел Тел Авив беше поразен на свој терен од Хапоел од Ерусалим со 77:92, а за време на третата четвртина кога беше свиркан офанзивен фаул на Јама Мадар, Итудис сакал да се пресмета со судиите.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Дан Отуру и останатите го спречија во тоа…
Потоа по натпреварот Итудис изјави:
“Должен сум извинување на навивачите – Ерусалим беше подобар. Има многу работи што би можел да кажам, но би звучеле како извинувања, па ќе ги задржам за себе. Не сакам да одговарам на прашања за судењето, но ќе кажам само дека бев лут поради недостаток на доследност. Се надевам дека Миќич ќе игра во следниот натпревар; натпреварот против Дубаи ќе биде многу тежок”, рече Итудис.
.😂😂😂 pic.twitter.com/0jw8WR0ezH
— Ром Гефен (@RomGeffen) 3 јануари 2026