
Реал Мадрид доживеа тежок пораз од Селта на „Сантијаго Бернабеу“ во 16. коло од шпанската Ла Лига, а тоа беше нов кикс на шпанскиот гигант во Ла Лига со што ѝ дозволи на Барселона да избега на четири бодови предност.
„Кралевите“ минуваат низ тежок период, односно успеаја да триумфираат само еднаш на последните пет натпревари во Ла Лига, и тоа против Атлетик Билбао (3-0), но притоа запишаа три ремија и еден пораз, што го вклучи алармот во Реал Мадрид и беше свикан итен состанок.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Новинарот Фабрицио Романо пишува дека на состанокот ќе се дискутира за иднината на тренерот Чаби Алонсо, кој разочара со резултатите, па се шпекулира дека би можел да добие и отказ.