
Манчестер Јунајтед сериозно работи на потенцијален трансфер на Сандро Тонали, пренесуваат англиските медиуми. Италијанскиот репрезентативец е високо ценет во редовите на „црвените ѓаволи“, кои во него гледаат клучно засилување за средниот ред.
Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ внимателно ја следи ситуацијата околу играчот, кој во моментов настапува за Њукасл Јунајтед. Иако трансферот нема да биде лесен, со оглед на неговата важност во тимот, Манчестер Јунајтед е подготвен да вложи сериозни напори за да го реализира овој ангажман.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тонали важи за еден од најквалитетните играчи за врска во Европа, познат по својата борбеност, одлична техника и способност да ја контролира играта.