
Фудбалерите и стручниот тим на репрезентацијата на Узбекистан добија автомобили како награда поради историскиот пласман на Светското првенство 2026 година.
По завршниот свиреж на натпреварот во Ташкент против Катар, каде што Узбекистан победи со 3:0, по наредба на претседателот на државата Шавкат Мирзијоев, беа донесени 40 електрични автомобили BYD на теренот, а клучевите им беа дадени на сите фудбалери и членови на стручниот тим на оваа азиска селекција.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Претходно, претседателот Мирзијоев подари 33 автомобили на репрезентацијата У20 на Узбекистан, која во 2023 година го освои Азискиот куп.
Мирзијоев е човек кој го разбира и поддржува спортот и го вреднува напорниот труд на своите сограѓани, затоа одлучи да ги награди великодушно.
ЕРӨНХИЙЛӨГЧ ОГЦОН УЗБЕКИСТАНААС
— Batbayar (@Baabarfc) 11 јуни, 2025
Узбекистын мэргэжлийн шигшээ баг шагналыг эзэмшлээ, арвантавт энэ баг анх удаа дэлхийн хөлбөмбөгийн томоохон наадамд оролцох эрх авлаа. Улмаар түүхэн амжилт юу болсныг дасгалжуулагчийн бүрэлдэхүүнтэй… pic.twitter.com/45QAQVtv3y
Узбекистан заврши на второто место во групата и заедно со Иран обезбеди пласман на завршниот турнир, додека ОАЕ и Катар од оваа група ќе играат во бараж натпреварите.
Светското првенство ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули, и ова ќе биде првпат на турнирот да учествуваат 48 репрезентации од шест конфедерации.
По јунискиот циклус на квалификациите, познати се 13 репрезентации кои веќе обезбедија пласман на Мундијалот. Од Азија, покрај Узбекистан, се квалификуваа и Јордан, Јапонија, Иран, Јужна Кореја и Австралија, додека од Јужна Америка тоа се Аргентина, Бразил и Еквадор, а Нов Зеланд го претставува Океанија.
Покрај нив, пласман на Мундијалот имаат обезбедено и трите домаќини – САД, Канада и Мексико.