Дома Моторспорт Историја: Ферстапен четврти пат по ред триумфира во Јапонија

Историја: Ферстапен четврти пат по ред триумфира во Јапонија

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, го испиша своето име во историјата на Големата награда на Јапонија, откако стана првиот возач што успеал да победи четири години по ред на патеката Сузука.

На утринската трка, Ферстапен ја забележа својата прва победа во тековната сезона, оставајќи ги зад себе возачите на Мекларен — Ландо Норис и Оскар Пјастри — кои завршија на второто и третото место.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Ферстапен ја презеде водечката позиција уште на самиот старт, демонстрирајќи супериорна брзина и контрола во текот на целата трка. Иако Норис неколку пати успеа да му се приближи, шампионот секогаш имаше подготвен одговор и го задржуваше водството.

Во завршните кругови, Пјастри изгледаше побрз од својот тимски колега, но од Мекларен одлучија да не интервенираат со тимска наредба и да не ги менуваат позициите на возачите.

Фото: Formula 1/Twitter

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Скандал: Ред Бул го обвини Антонели дека му попуштил на Норис во Катар!

Вчера беше одржана Големата награда на Катар, каде последниот круг го донесе настан кој мо…