Дома Фудбал Истиот судија, иста ситуација – Сити доби гол, а на Ливерпул му го поништија (Фото)

Истиот судија, иста ситуација – Сити доби гол, а на Ливерпул му го поништија (Фото)

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, беше самокритичен по тешкиот пораз од Манчестер Сити на „Етихад“ со резултат 3:0.

Премиерлигашкото дерби од кое се очекуваше многу од двата тима, бидејќи формите на двете екипи беа во подем, заврши со убедлива игра на Манчестер Сити кој веќе во првото полувреме го реши прашањето на победникот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ливерпул не се прашуваше многу. Беа под секое ниво во секоја линија и заслужено загубија, но натпреварот потенцијално можеше да тргне во поинаква насока ако голот кој го постигна Вирџил ван Дајк пред крајот на првото полувреме беше признаен. Холанѓанецот со глава го совлада Џиџо Донарума од првата опасна ситуација пред голот на Сити, но голот беше поништен бидејќи најблиску до италијанскиот голман беше Анди Робертсон кој не влијаеше на реакцијата на домашниот голман.

Сепак, ВАР просторијата во која седеше Мајкл Оливер му сугерираше на Крис Кавана да го поништи тој гол предизвикувајќи голема контроверзија. Веднаш потоа, Сити постигна втор гол и практично го фрли Ливерпул на колена.

„Робертсон воопшто не влијаеше на реакцијата на голманот. Веднаш по натпреварот, моите помошници ми покажаа гол кој истиот судија го призна – Сити против Волвс минатата сезона“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…