Дома Фудбал Исак после сѐ испрати емотивна порака до Њукасл: Ми беше чест да бидам дел од тој пат

Исак после сѐ испрати емотивна порака до Њукасл: Ми беше чест да бидам дел од тој пат

Сагата околу шведскиот напаѓач Александер Исак конечно заврши во понеделник навечер, последниот ден од преодниот рок. Тој стана нов фудбалер на Ливерпул со рекорден трансфер вреден дури 150.000.000 евра.

Откако зделката конечно беше заклучена, Исак емотивно се прости од навивачите на Њукасл, клубот со кој не се раздели најдобро, бидејќи последно време ги бојкотираше своите обврски кон него, обидувајќи се на секој начин да постигне премин на “Енфилд”.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Благодарам на соиграчите, стручниот штаб и пред сѐ на навивачите и градот Њукасл за три незаборавни години. Заедно ја напишавме историјата – обезбедивме Лига на шампиони и донесовме прв трофеј по повеќе од 70 години. Беше чест да бидам дел од тој пат. Вечно благодарен. Благодарам ти, Њукасл”, порача Исак.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Салах е поголема легенда од Роналдо во Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер предизвика дебата со тврдата дека Мохаме…