Дома Фудбал Инзаги: Очекував поголем пресинг од Баерн

Инзаги: Очекував поголем пресинг од Баерн

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, изјави дека неговиот тим покажал одлучност и храброст во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, и додаде дека нивната победа во тој дуел е одличен резултат за италијанскиот клуб.

“Честитам на моите играчи. Со Баерн игравме рамноправно и покажавме одлучност и храброст. Ова е врвен резултат кој не прави среќни. Бројките на Баерн се неверојатни, така што направивме нешто важно. Сепак, мораме да го надградиме овој успех пред нашите навивачи за седум дена”, изјави Инзаги, а пренесе сајтот на италијанскиот клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интер во вторникот на гостински терен го победи Баерн Минхен со 2:1, во првиот натпревар од двомечот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

“Очекував повеќе пресинг од нив, но се соочија со тимот на Интер кој играше добро. Постигнавме два гола по започнување на акциите од одбраната и добро одигравме во транзицијата. Никогаш не престанавме да веруваме дека можеме да победиме, иако примивме гол за израмнување”, додаде Инзаги.

Тренерот на Интер изјави дека планот на игра бил да не им се дозволи на играчите на Баерн многу време со топката во посед и додаде дека неговиот тим останал концентриран во завршницата на натпреварот.

“За еден и пол ден, колку што имавме време да се подготвиме за мечот, многу разговаравме. Планот беше да ги држиме надвор од посед и да играме со карактер. Игравме добро во првите 45 минути, пред Баерн силно да започне во второто полувреме. Сепак, останавме смирени и концентрирани, што го покажува и нашиот гол на крајот”, заклучи Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ретки се оние кои ја одбиваат понудата од Баерн Минхен, а овој играч токму тоа го направи

Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи в…