Дома Фудбал Инзаги: Го дадов најдоброто од себе за Интер

Инзаги: Го дадов најдоброто од себе за Интер

Досегашниот тренер на Интер Симоне Инзаги излезе со специјална изјава по веста за неговото заминување од клубот. Тренерот си оди неколку дена по несреќниот финал во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен (0:5), во кое тимот по втор пат во рамките на три сезони го промаши вредниот трофеј.

Драго интеровско семејство,

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Дојде моментот за мене да се збогувам со овој клуб по патот што траеше четири години и во кој го дадов сето мое. Секој ден го посветував на Интер мојата прва и последна мисла. Во замена добив професионализам и страст од страна на фудбалерите, раководителите и секој вработен во клубот.

Шесте освоени трофеи, вклучувајќи го Скудетото, кое ни ја донесе втората ѕвезда, како и нашето претставување во Лигата на шампионите во 2023 г. и пред неколку дена, се јасен доказ за тоа дека бев поддржан во мојата работа со мојот тим и секој што е дел од Интер.

Ви благодарам на акционерите за довербата, која никогаш не недостигаше, на претседателот и неговите соработници за секојдневната помош и дијалог. Во овој толку тежок ден мислам дека е правилно да ја изразам уште еднаш мојата благодарност и за разговорот кој заврши малку порано. Бевме искрени и заедно одлучивме да го завршиме овој величествен пат.

Последните мои зборови сакам да ги посветам на милионите фанови на Интер, кои ме поддржуваа, плачеа и страдаа во тешките моменти, но и се смееја и славеа заедно со нас во шесте триумфи кои ги доживеавме заедно.

Никогаш нема да ве заборавам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ренџерс има нов тренер: Не е синот на Анчелоти!

Шкотскиот клуб Ренџерс денеска објави дека нов тренер на фудбалскиот тим е Англичанецот Ра…