Дома Фудбал Инзаги додека го чека финалето, веќе се договорил со новиот клуб!

Инзаги додека го чека финалето, веќе се договорил со новиот клуб!

Од 21 часот во Минхен се одржува финалето од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Интер. Натпреварот може да се следи на МРТ 2 и Арена Спорт 1. Со оглед на тоа дека преносот е на националната телевизија, не само на кабелска, натпреварот за титулата европски клупски шампион е достапен за сите.

Додека навивачите на Интер нетрпеливо чекаат шанса нивниот клуб да освои четврта титула европски шампион во историјата, добија неочекувана вест од француските медиуми. Имено, според информациите на Foot Mercato, можеби дождливото финале ќе биде последен натпревар на тренерот Симоне Инзаги на чело на Неразурите.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Истите извори посочуваат дека италијанскиот тренер веќе постигнал вербален договор со Ал Хилал и ако не дојде до некои значајни промени, во следните денови се очекува да потпише договор вреден 30 милиони евра по сезона.

Овој можен расплет би бил огромен удар за италијанскиот гигант. Инзаги не се смета само за одличен тренер, туку и како некаков архитект на новиот Интер, кој со не многу впечатлива финансиска состојба, изгради тим кој е значаен и на национално и на светско ниво.

Четириесет и деветгодишниот поранешен напаѓач го води Интер од летото 2021 година. Минатата сезона го освои шампионскиот наслов. Оваа година беше во трка со Наполи до последното коло, но завршија со еден бод помалку и останаа без нова титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресни зборови на Енрике за починатата ќерка – ја освои ЛШ, а потоа се скрши пред камерите

Неверојатниот шпански тренер Луис Енрике му донесе на Пари Сен Жермен трофеј во Лигата на …