Дома Фудбал Интер покажа интерес за младински репрезентативец на Англија

Интер покажа интерес за младински репрезентативец на Англија

Раководството на Интер започнува да размислува за можностите за замена на Денцел Думфрис, за кого се очекува да не биде на располагање неколку месеци по операцијата која ја направи.

Думфрис беше опериран во Лондон претходно оваа недела во обид да го надмине проблемот со зглобот, чијашто разрешница одзема повеќе време од очекуваното. Првичните информации покажуваат дека Холанѓанецот може да отсуствува од терените од два до три месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нераѕурите“ може да се насочат кон трансфер на поранешниот дефанзивец на Арсенал, Брук Нортон-Кафи, којшто импресионира во редовите на Џенова оваа сезона, пишува Gazzetta dello Sport. 21-годишниот фудбалер премина во тимот од Серија “А” од „топџиите“ минатото лето. Досега поранешниот младински репрезентативец на Англија одигра целосни 90 минути во 14 од 15 натпревари во италијанскиот прволигаш, пропуштајќи само еден поради суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид и Аталанта го објавија трансферот на Луукман

Атлетико Мадрид и Аталанта ја завршија зделката според која Адемола Луукман преминува од и…