Дома Фудбал Интер објави трагична вест пред финалето на Лигата на шампионите

Интер објави трагична вест пред финалето на Лигата на шампионите

Трагичната вест пристигна во саботата, кога Интер ќе се соочи со Пари Сен Жермен во Минхен во финалето на Лигата на Шампионите за титулата шампион на Европа. Ернесто Пелегрини, поранешен претседател на Интер, почина на 84-годишна возраст.

Пелегрини беше сопственик на Интер од 1984 до 1995 година. За време на неговиот мандат, клубот беше шампион на Италија во 1989 и освојувач на Купот на УЕФА во 1994 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Претседателот Ернесто Пелегрини нѐ напушти. Единаесет години го водеше Интер со мудрост, чест и одлучност, оставајќи неизбришлива трага во историјата на нашиот клуб. ФК Интер и сите навивачи на Неразура се со неговото семејство – гласеше објавата на клубот.

Фото: Принткрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Закопани воени секири меѓу Реал и ПСЖ за незаборавен трансфер!

Реал Мадрид вчера објави дека се откажува од проектот Супер лига и со повлекувањето од тој…