
Фудбалскиот клуб Интер Мајами преговара со Леонел Меси за продолжување на договорот.
Освен ако не дојде до неочекувани настани, Лео Меси ќе остане во Мајами. Имаше муабети за негово можеби заминување за подобра подготовка за Светското првенство 2026 кое ќе се игра во Канада, Мексико и САД и тоа би било лоша реклама за Американците ако Лео одлучи да си оди кога крајот на годината ќе му истече договорот.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се пишуваше дека сака да игра во посилна лига, но Интер прави се што може да го задржи, па така на негово барање беше донесен и Родриго де Пол од Атлетико Мадрид. Да не зборуваме за неговите претходни барања.
Покрај тоа, разгледуваат договор на минимум три години, па и подолго, ако тоа го посака Лео. Ќе се обидат да постигнат договор според кој Аргентинецот сам ќе може да одлучи кога сака да стави точка на својата кариера и тоа да нема врска со било кој временски интервал.
Потоа, Меси би се фокусирал повеќе на учество во управувањето на Интер Мајами каде што има и акции, но не би било изненадување ако се посвети и на одредени операции во Барселона.
Фото: Принтскрин