Дома Фудбал Интер ќе го продаде еден од најважните фудбалери и ќе се засили со фудбалер на Јувентус?!

Интер ќе го продаде еден од најважните фудбалери и ќе се засили со фудбалер на Јувентус?!

Хакан Чалханоглу повеќе не е недопирлив во тимот на Интер.

Италијанските медиуми дознаваат дека Интер е подготвен да разговара за понуди за нивниот играч од средината на теренот, при што ќе прифати обештетување од 35 до 40 милиони евра. Турскиот Галатасарај е меѓу клубовите кои го сакаат Чалханоглу, привлечени од можноста за настап во Лигата на шампиони и плановите за создавање моќен тим по доаѓањето на Лирој Сане.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Извори од Интер сугерираат дека средствата од продажбата на Чалханоглу ќе бидат насочени кон доведување на Никола Ровела од Лацио. По истекот на двегодишната позајмица, Лацио го има откупено играчот од Јувентус, и Ровела сега е достапен за 50 милиони евра, што е неговата откупна клаузула.

Иако Ровела никогаш не доби вистинска шанса во Јувентус, поради што заминуваше на позајмици во Џенова, Монца и на крај Лацио, сега би можел да блесне во Интер. 

Ровела е само на 23 години, но има огромно искуство со 127 настапи во Серија А. По својот стил на игра, тој е дефанзивен играч во средината на теренот, идеален за замена на осум години постариот Чалханоглу. 

Понатаму, медиумите во Италија известуваат дека семејството на Ровела е големи фанови на Интер и се надеваат дека играчот на Лацио ќе премине на “Меаца”. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три ипол милиони луѓе следеа еден лет – во него беше овој човек!

Изгледа неверојатно, но близу три и половина милиони луѓе го следеа еден лет кон Истанбул.…