
Изгледаше дека Милан ќе успее да го донесе одличниот стопер на Баерн од Минхен, но во последен момент во трката влезе Интер и го обезбеди неговиот потпис.
Медиумите во Италија тврдат дека Дајо Упамекано ќе дојде во “црвено-црниот” дел од градот на модата целосно бесплатно.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Овој дефанзивец не го продолжи договорот со Баварците кој му истекува на крајот на оваа сезона, па од 1 јануари е слободен да преговара со други екипи.
Изборот падна на Интер, а најзаслужен за тоа е, секако, Џузепе Марота, кој е познат по тоа што доведува одлични играчи целосно бесплатно.
Упамекано има 28 години и во Бајерн дојде од Лајпциг во 2017 година за 18 милиони евра. Пред тоа настапуваше за Салцбург.