Англискиот гигант Манчестер јунајтед се соочува со нов проблем откако „Дејли Мејл“ објави дека на „Олд Трафорд“ се појавила наезда од глувци.
Ваквиот проблем го утврдиле инспектори кои неодамна биле во посета на стадионот. Како што се пренесува хигиената била оценета со ,,двојка” што е исклучително лошо.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Проблемот на стадионот се темели и на местоположбата бидејќи е меѓу канал и железничка пруга па глувците, поготово во зимскиот период во потрага по потопла средина се преселуваат на стадионот.
Ова го активира алармот на „Театарот на соништата“, па во следниот период ќе мора да се преземат мерки за да се реши овој проблем.