
Неверојатни сцени се случија на челенџер турнирот во Доминиканска Република, а главната улога ја имаше тенисерот од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур.
Џумхур беше поразен на почетокот на челенџерот од Чак Вонг, а дуелот беше обележен со вербален конфликт меѓу двајцата ривали.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Инцидентот се случи во петтиот гем од третиот сет, кога Џумхур направи двојна сервис грешка. Вонг се насмевна по таа грешка на противникот додека се движеше кон клупата, што го изнервира Дамир.
.😬😳 ДРАМА НА ЧЕЛЕНЏЕР ТУРНИРИТЕ!
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) 13 март, 2026
Вонг го прекина сервисот со двојна грешка на Џумхур и почна да се смее.
Босанецот му одговори: “Ти се чини смешно? Погледни ме в лице и се насмевни се”.
pic.twitter.com/EsftLcPdu7